Витамин со кој можете да имате рамен стомак

од Vladimir Zorba

Сите знаеме дека стомакот најчесто расте поради недоволно вежбање и прејадување. Но, научниците велат дека тоа може да биде предизвикано и од недостаток на одредени видови витамини. Ако не можете да се ослободите од салото на стомакот дури и кога внимавате на исхраната и редовно вежбате, може да имате недостаток на витамин Д.

Истражувањата покажаа дека на луѓето кои имаат вишок сало на стомакот им недостасува витамин Д. Покрај тоа што е важен во борбата против остеопорозата и го подобрува расположението, овој витамин е важен и за слабеење, односно за отстранување на салото на стомакот.

Витаминот Д или сончевиот витамин се зема првенствено преку сончевата светлина. Но, одредена храна може да биде и одличен извор на овој витамин. Единствениот начин да се утврди дали имате недостаток на овој витамин е преку лабораториско тестирање.

Доколку ви недостасува витамин Д, покрај салото на стомакот, може да се појават и други проблеми како слаб имунолошки систем, хроничен замор, депресија, анксиозност, опаѓање на косата, болки во мускулите и зглобовите.

За да го избегнете сето ова, погрижете се да сте доволно изложени на сончева светлина и да јадете храна богата со витамин Д. Тоа се намирници како јајца, печурки, риба и млеко, пишува Healthy builderz.

Покрај тоа, можете да земете додаток на витамин Д, но прво консултирајте се со вашиот лекар.

Слични содржини