Витановски: ДИК е подготвена за спроведување на избори и во една и во шест изборни единици

од Aleksandar Todeski

Државната изборна комисија е подготвена да ги спроведе изборите и во една и во шест изборни едници. Јанакие Витановски од ДИК пред пратениците рече дека тие се подготвени за тоа што ќе го исгласаат пратениците, нагласувајќи дека дебатата е добра за развој на демократијата.

„Ние сме спремни да ги организираме изборите дали тоа ќе биде со една или шест изборни единици. Можеби ако има една изборна единица ќе ни треба нов софтвер. Ви посакувам успешна работа, ова е добра дебата за развој на демократијата во Република Северна Македонија“, рече Витановски.

Претходно пред пратениците се обратија и професорот по уставно право, Светомир Шкариќ, советникот на претседателот, Александар Спасов, како и Александар Кржаловски од МЦМС.

На дебатата не се појавија ниту пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои ги блокираа измените во Изборниот законик со поднесените над 5.000 амандмани, а не дојдоа ниту претставници на опозициската Беса.

А.Т.

Слични содржини