Вице Заев за објавените разговори: Очајни лаги произлезени од фејкњуз подрумите на опозицијата

од Vladimir Zorba

Вице Заев, братот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека објавените разговори се лаги од трети лица кои нема да ги попречат да даваат плати и да плаќаат даноци.

– Објавените рекла-казала лаги од трети лица нема да ги попречат Заеви да даваат плати и да плаќаат даноци. Целосно ги отфрлам како лаги и манипулации објавените рекла-казала муабети во кои трети лица го спомнуваат моето име. Тоа се очајни лаги произлезени од фејкњуз подрумите на опозицијата. Заеви се чесни и вредни Македонци. Режимските инсталации нема да не спречат да продолжиме да даваме плати, да плаќаме даноци и да ги помагаме македонските граѓани, посочува Вице Заев.

Тој реагираше на аудиснимката, која денеска е објавена и на нов Јутјуб канал, насловен како „Вице мафијашот“. Разговорот во кои се слушаат две лица е именуван како „Вице даде зелено светло да запалам коли“.

Слични содржини