Визна либерализација за Косово најверојатно од 1. ноември следната година

од Nikola Popovski

Членовите на работната група за визи на Европската унија (ЕУ) се чини дека ги приближија ставовите и постигнаа договор за компромисен текст, според кој визната либерализација за Косово ќе стапи на сила најдоцна од 1 ноември следната година. и во случај до тој датум дигиталниот систем ETIAS да не биде целосно функционален.

Според извори запознаени со состанокот, оваа формулација ги задоволила сите страни, кои биле поделени во две групи: група предводена од Франција која инсистирала визната либерализација да биде директно поврзана со ETIAS и друга група која сметала дека Косово не може да ги трпи последиците доколку дотогаш ETIAS не биде оперативен.

Работната група експерти од земјите членки на ЕУ се состана по втор пат во четврток, на 10 ноември, во обид да се постигне договор за конечниот текст за визна либерализација за Косово.

На првиот состанок одржан на 13 октомври, Франција побара визната либерализација да биде директно поврзана со системот ETIAS.

Слични содржини