Вклучен црвениот аларм во Италија: 11.705 новозаразени, починаа уште 69 луѓе!

од Vladimir Zorba

Во Италија уште 11.705 лица се заразија со коронавирусот, што е за 780 повеќе од вчера, со што се потврди најголемото дневно зголемување на бројот на пациенти од почетокот на пандемијата.

Нови 69 пациенти починаа како резултат на Ковид-19, што е значително зголемување во споредба со саботата, кога беа потврдени 47 смртни случаи.

Во Италија, од почетокот на пандемијата се регистрирани 414.241 случаи на Ковид-19, како резултат на што починале 36.543 лица.

loading...

Слични содржини