Вкупно 287 лица се лекуваат на инфективните клини, во последните 24 часа хоспитализирани 17 пациенти

Само во изминатото деноноќие,  во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 17 нови пациенти кои имаат компликации поради Ковид 19. Инаку, вкупно 287 лица сомнителни и потврдени на коронавирус се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 172 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Слични содржини