Вкупно аплицирани над 1,3 милиони дози вакцини, ревакцинирани се 564.488 граѓани

од Vladimir Zorba

Вкупно се аплицирани 1.306.042 дози вакцини, а ревакцинирани се 564.488 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 13.219 граѓани, соопштија од Министерството за здравство.

Прва доза вакцина вчера примиле 4.251 граѓани.

✅53% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина.

✅29% од населението над 18-39 години имаат примено барем една доза вакцина.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста,додаваат од М.

Слични содржини