Вкупното време поминато во играње на Fortnite подолго од постоењето на човечкиот вид

од Stefanija Kuzmanovska

Неспорно е дека Fortnite: Battle Royale е најпопуларната игра денес, со над 350 милиони регистрирани играчи на сите платформи за кои е достапна и со апсолутен рекорд по бројот на натпреварувачки играчи, кој надминува 12 милиони.

Сосема е логично дека големиот број играчи имаат многу време поминато играјќи Fortnite: Battle Royale, без разлика дали станува збор за стандардни режими на игра или за Playground режим.

Времето поминато во најпопуларните игри беше тема на последниот извештај од порталот GAME, каде се пресметуваше колку време сите играчи поминале играјќи Fortnite, но и други игри, како што се World of Warcraft, Overwatch, PUBG, FIFA и други. На ова поле, Fortnite: Battle Royale е апсолутен рекордер по бројот на вкупно поминати денови во игра, дури 3,8 милијарди дена (бројно 3.802.500.000) што е еднакво на период од 10,4 милиони години. Ова време поминато во игра најдобро е да се спореди со постоењето на човечкиот вид, кој со сите предци е присутен на Земјата околу 6 милиони години, а хомо сапиенсот се појавил пред околу 300.000 години.

Нималку наивна бројка, па дури и кога ќе се спореди со другите популарни наслови, Fortnite е далеку пред. Потсетуваме, Fortnite се појави на крајот на 2017 година, а сепак во играта е поминато двојно повеќе време отколку во World of Warcraft, кој е присутен од 2004 година – 2 милијарди дена во споредба со 3,8 милијарди.

Неодамна играта претрпе пад на бројот на играчи, не заради слабеењето на популарноста, туку заради расправиите помеѓу Epic Games и Apple, кои доведоа до отстранување на Fortnite од платформата iOS, без никакви индикации дека наскоро ќе се врати.

Слични содржини