Вкус кој нема да го заборавите: Посен колач со боровинки

од Elena Daskalova

Колачот познат како крамбл со боровинки се подготвува со непечени, излупени бадеми, овесни снегулки, бадемово млеко и кокосово масло. Како засладувач можете да изберете мед, сируп од агаве или јаворов сируп.

Потребни состојки:

– 350 гр крупно мелени бадеми

– 1 чаша овесни снегулки

– 4 лажици бадемово млеко

– 1/4 чаша стопено кокосово масло

– малку сол и ванила

– Мед

За фил:

– 375 гр свежи боровинки

– 1/2 чаша вода

– 1/4 чаша сок од лимон

– 1/4 чаша мед (или сируп од агаве или јаворов сируп)

– 2 лажици пченкарен скроб

– 1 кора од лимон

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Измешајте ги сите состојки за колачот во сад. Промешајте со рака додека не се добијат ронки. Подмачкајте го дното на тавата со масло од кокос. Истурете 2/3 од смесата и притиснете ја со раката рамномерно. Зачувајте го другиот дел. Печете 15 минути на загреана рерна додека не се зацрвени.

Ставете ги продуктите за филот од боровинки во мало тенџере на тивок оган. Откако смесата ќе зоврие, намалете ја температурата и почекајте уште 10 минути да се згусне смесата. Промешајте со лажица. Потоа истурете ја смесата врз слојот тесто, а остатокот изронете го одозгора. Вратете да се потпече уште неколку минути.

Пред послужување колачот треба да биде целосно изладен.

Слични содржини