Вкусен ручек: Ќофтиња со павлака

од desk2

За кратко време подгответе навистина вкусен ручек од мелено месо…


СОСТОЈКИ:
200 гр мелено месо
1 јајце
100 гр кисела павлака Пекабела
1 главица кромид
1-2 чешниња лук
1 лажица листови магдонос
2 лажици презла
сол
бибер
пипер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во сад ставете месо, ситно исечкајте кромид, лук, измешајте, додајте павлака, јајце, сечкан магдонос, презла, бибер, сол, пиперка и добро измешајте.
Оставете ја смесата во фрижидер некое време. Обликувајте ќофтиња со големина по желба. Пржете ги во тава или испечете ги во рерна.

Слични содржини