Вкусни и брзи шпански мафини

од desk2

Викендот е совршен изговор за вкусни закуски, кои можете да ги јадете за доручек, ужина или како вечера. Шпанските мафини се токму тоа – лесна закуска која е подеднакво добра наутро како и навечер.

Подготовката на шпанските мафини нема да ви одземе многу време, а и не бара голем труд. Од вас се бара единствено да ги следите долунаведените упатства.

За подготовка на шпански мафини потребно е:

4 јајца

1 чаша (од 2 мл) масло

1 чаша кисело млеко

3 чаши брашно

200 г кашкавал, исечкан на мали коцкички

200 г шунка, исечкана на мали коцкички

5-6 кисели краставички, ситно исечкани

2 лажици ајвар

2 лажици кечап

1/2 лажиче оригано

1 кесичка прашок за печиво

сол

сусам

Подготовка:

– Во еден сад искршете ги јајцата и додадете ги маслото, киселото млеко, брашното, прашокот за печиво, оригано, ајвар, кечап и сол. Матете убаво со миксер да добиете хомогена смеса.

– Сега додадете ги сечканата шунка, кашкавал и кисели краставички. Полека измешајте со лажица.

– Со горната содржина наполнете ги калапите за мафини, кои претходно малку сте ги намастиле со масло. Одозгора посипете ги со сусам.

– Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 Целзиусови степени додека не добијат убава румена боја.

Слични содржини