Вкусно: Хранлива посна проја со семки и блитва

Состојки:

3 шолји пченично брашно
3 шолји брашно
3 шолји кисела вода
прашок за печиво
шолја маслиново масло
30 гр сусам
30 гр семки од сончоглед
30 гр ленено семе
100 гр блитва
лажичка сол

Подготовка:

Измешајте ја киселата вода и маслото, додајте го прашокот за печиво, двата видови на брашно и мешајте додека не добиете мазна смеса.

Исечкајте ја свежата блитва и измешајте ја, па додајте го сусамот, сончогледот, ленот и солта.

Измешајте уште малку, а потоа смесата излијте ја во калапи за мафини или подлабок сад за печење. Печете во загреана рерна околу 20 минути.

Слични содржини