Вкусно и лесно, пита со виршли

Состојки:

– 250 мл. јогурт или кефир
– 150 гр. брашно
– 2 јајца
– 200 гр. сирење
– 200 гр. виршли или колбаси
– 1 лажичка прашок за пециво
– сол

Подготовка:

Сирењето изрендајте го, крупно. Виршлите исечкајте ги на кругови.
Јајцата, јогуртот, и малку сол измешајте ги заедно до соединување. Додадете го прашокот а пециво, брашното и промешајте, внимавајте да не се направат грутки.
Додадете го сирењето, виршлите и повторно измешајте.
Тестото истурете го во предходно намачкана, со масло или маргарин/ путер, тепсија и ставете го да се пече во загреана рерна на 180 степени. Печете околу 30-40 минути.

Слични содржини