Влада: Ќе има казни за сите фирми кои свесно набавиле токсични горива

од Nikola Popovski

„Апсолутно ќе има казни за сите засегнати. Затоа се задолжени овие институции, да достават извештај во наредните 14 дена, по што ќе се постапува“, изјави владиниот портпарол, Душко Арсовски на новинарско прашање, дали ќе има казни за фирмите кои свесно набавувале токсичен материјал и горива.

Тој потенцира дека државата во неколку наврати укажува дека нема да прави компромиси кога станува збор за здравјето на граѓаните и заштитата на околината.

Истражувачката репортерска лабораторија и Македонската радио телевизија во документарецот „Заговор против воздухот“ го отвора прашањето за загадениот воздух во Македонија, како и мазутот кој се увезувал кај нас.

Најголем „клиент“ на компанија од Кичево, која го увезувала спорното масло од Чешка преку Босна и Херцеговина, е поранешната фабрика ФЕНИ, а сега „Еуроникел“ од Кавадарци. Друга позната домашна компанија која го користела горивото е „Брако“ на бизнисменот и поранешен функционер Кочо Анѓушев. Според ИРЛ, двете компании почнале да го користат „босанскиот“ мазут по средба во Владата меѓу Кочо Анѓушев, како тогашен вицепремиер, и претставници на босанската и домашната фирма вклучени во набавката.

Слични содржини