Влада: Лага е изјавата на Мицкоски дека Владата платила за анкетата на Брима, да се извини за ваквото дезинформирање

од Nikola Popovski

На вечерашното гостување на телевизијата Канал 5, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ изнесе целосно неточна информација дека анкетата на Брима, објавена денеска од страна на медиум, била платена од владини пари на јавен тендер, објавија од секторот за односи со јавноста при Генералниот секретаријат на Владата.

Според соопштението, не постои јавна набавка за анкетата односно истражување на јавното мислење на Брима, ниту пак истата е платена со пари на граѓаните.

-Ваквите лаги се неодговорно однесување кон јавниот интерес и имаат за цел да и наштетат на Владата доведувајќи ги граѓаните во заблуда и поткопувајќи ја довербата во институцијата. Бараме од Христијан Мицкоски да се извини на граѓаните и на Владата за ваквата груба лага, се вели во реакцијата.

Мицкоски во емисијата „Само вистина“ изјави денешната анкета на Брима „била платена 120.000 евра со владини пари преку тендер“.

Слични содржини