Влада: Последниот збор за продолжување на пописот ќе го има ДЗС

од Nikola Popovski

На вчерашната владина седница не се разговараше за продолжување на пописот, информира портпаролот на Владата, Душко Арсовски на прес-конференција.

Според него, сите капацитети се насочени кон тоа да биде завршена операцијата во законскиот рок.

-Последниот збор ќе го има ДЗС. Од таму информираат дека се прават финални проверки за евентуалните пропуштени граѓани и веќе се затвораат пописните кругови. Во Скопје, сите расположливи капацитети се на терен, за да се заврши пописот до утрешниот предвиден рок до 20 часот, додаде Арсовски.

Слични содржини