Влада: Премиерот е на одмор, но е во постојана координација со институциите околу пожарите

од Nikola Popovski

Во периодот од 3 до 12 август дел од членовите на Владата ќе искористат денови од годишен одмор. Владата секојдневно ги извршува сите свои функции, а согласно состојбата со пожарите министрите секојдневно заседаваат и одржуваат седници преку онлајн видео конференциска врска и навремено и непречено ги носат сите потребни одлуки, соопштија денеска од Владата.

Од таму додаваат дека и премиерот Зоран Заев користи денови од годишниот одмор до 12 август, а е во постојана телефонска и интернет координација со сите ресорни министерства и надлежни институции.

Според соопштението, овие денови теренската координација е обезбедена од страна на првиот вицепремиер Артан Груби, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за земјоделство Арjанит Хоџа, министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација Шакири и Бајдевски, министерката и заменик министерот за образование Царовска и Шабани, заменик министерот за внатрешни работи Буши, заменичката министерка за животна средина Оџаклиеска, заменикот министер за труд и социјала Енвер Хусин, заменикот министер за здравство Илир Хасани, заменик министерот за правда Нухиу.

Ваквата реакција следува откако на социјалните мрежи се споделија слики од министри и премиерот како ги користат деновите од своите годишни одмори.

Слични содржини