Владата ќе ѝ донира хеликоптери на Украина

од Nikola Popovski

Владата вчера соопшти дека донела одлука за донација на хеликоптери за Украина. Министерката за одбрана Славјанка Петровска, претходно најави дека на седницата ќе биде донесена одлука за донација на 12 борбени хеликоптери МИ-24 на Украина на предлог на нејзиното Министерство.

Во интервју дадено на крајот на минатата недела, таа рече дека станува збор за борбени хеликоптери МИ-24, произведени во 1984 година, кои се набавени од Украина во 2001 година, но нивните ресурси во голема мера биле истечени пред осум години, односно не се се користат поради недостаток на резервни делови.

-Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за потреба од склучување Протокол за донација на воздухоплови (хеликоптери) помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Украина и ја донесе Одлуката за донација на воздухоплови (хеликоптери) на Министерството за одбрана на Украина.

Владата на Република Северна Македонија го разгледа и прифати усогласениот текст на Протоколот за донација на воздухоплови помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Украина, стои во соопштението од Владата.

Слични содржини