Владата ги награди со 10.000 денари пожарникарите кои го гасеа пожарот во Кочани

од Nikola Popovski

Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски попладнево соопшти дека владата на денешната седница одлучила да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината.

-Наградата од 10.000 денари е во знак на благодарност за демонстрираната храброст, професионалност и пожртвуваност во мисијата да се спасат животи и да се зачуваат природните ресурси на татковината. Нивната пожртвуваност и професионалност нема да останат заборавени, информира Николовски.

Тој уште еднаш изрази благодарност кон сите професионалци, волонтери, граѓани и институции кои несебично учествуваа во безмилосната борба со огнот и да порача дека мораме да останеме тука едни за други секогаш кога е потребно.

Слични содржини