Владата ги повлекува предлог-измените на Законот за јавни собири

од Vladimir Zorba

Владата на Република Северна Македонија ги слушна забелешките на граѓанските организации за најавените предлог-измени на Законот за јавни собири и на денешната 164-та седница одлучи да ги повлече предлог-измените со цел да се обезбеди поширока консултација, соопштија од владата откако денеска излегоа информации за новиот предлог закон.

Владата смета дека има простор за разговори и за подобрување на содржината со цел овозможување слобода на изразување на став на јавни простори низ јасно утврдени регулативи и исклучиво во согласност со Уставот на Република Северна Македонија, додаваат оттаму.

Слични содржини