Владата го овласти амбасадорот Талески да даде согласност за прием на Шведска и Финска во НАТО

од Nikola Popovski

Македонската влада денеска одржала вонредна, 46-та седница, и донела одлука да го овласти постојаниот претставник на нашата земја во НАТО, амбасадорот Дане Талески, да даде согласност за прием на Кралството Шведска и Република Финска за членство во НАТО.

Шведска и Финска официјално поднесоа барање за членство во НАТО. Двете нордиски земји тоа го направија заедно во Брисел.

„Ова е историски момент што мораме да го искористиме“, рече генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг на кратката церемонија во седиштето на НАТО во Брисел во средата, каде што шведските и финските амбасадори ги претставија барањата за членство.

„Многу ги поздравувам барањата на Финска и Шведска за влез во НАТО. Тие се нашите најблиски партнери и нивното членство во Алијансата ќе ја зголеми нашата заедничка безбедност“, рече Столтенберг.

Причината за желбата на Шведска и Финска да се приклучат на воениот сојуз е нивната грижа за безбедноста поради руската агресивна војна против Украина. Досега двете земји со децении строго водеа политика на воена неутралност.

Слични содржини