Владата го поништи државјанството на Онишченко

од Nikola Popovski

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница одлучи да се поништи одлуката за прием на Олександр Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија.

Владата ја донесе одлуката откако го разгледа известувањето од Министерството за внатрешни работи, во кое што се информира за можноста за одземање на веќе дадено државјанство, што беше побарано од страна на Владата, на претходна владина седница.

-Денешната одлука на Владата е базирана на Законот за државјанство на Република Северна Македонија.

Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да постапи веднаш по донесената одлука за поништување на одлуката за прием на Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија, соопштија од Владата.

Онишченко се наоѓа црната листа на САД од јануари 2021 година бидејќи е „член на руската мрежа за влијание врз американските претседателски избори што се одржаа претходната 2020 година“.

Американските власти тврдат дека Онишченко му предал „преработени аудиоснимки“ од наводните разговори меѓу поранешниот украински претседател Петро Порошенко и тогашниот потпретседател на САД, Џо Бајден, на Андриј Деркач, независен украински пратеник, за кој се тврди дека е прв човек на наводната мрежа на Кремљ.

Слични содржини