Владата го разреши досегашниот директор на затворот „Идризово“

од Nikola Popovski

Владата го разрешила досегашниот директор на затворот „Идризово“ Шпенд Тахири, а на негово место е назначен Зоран Јовановски. Според премиерот Димитар Ковачевски, новиот директор Јовановски е генерал мајор.

-За нов в.д. директор е поставен генерал мајор Зоран Јовановски, кој има богата кариера. Тој е именуван на мој предлог. Во текот на својата професионална кариера поминал обуки во полициската академија во Луизијана, организирани од САД, поминал обуки во Франкфурт, Германија, бил на обука организирана од министерството за правда на САД, а поминал и обуки во Северна Ирска, Турција и во Англија. Се работи за врвен професионалец, соопшти премиерот Димитар Ковачевски.

Разрешувањето на Тахири доаѓа во истиот ден откако беше обелоденето дека бил откриен тунел во затворот, ископан од осуденици, кои се подготвувале за бегство. Се наведува дека затворениците ископале 60 метри тунел и дека сето ова се правело во изминатите 4-5 месеци.

Слични содржини