Владата ја укина забраната за авионските летови од Велика Британија

од Nikola Popovski

Се укинува забраната за авионските летови од Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија која важеше до крајот на 2020 година, објавија вечерва од Владата.

„Владата на Република Северна Македонија на денешната 36-та седница донесе одлука за укинување на забраната за авионските летови од Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија која важеше до крајот на 2020 година, како и задолжителната мерка за самоизолација на патниците што доаѓаа од овие дестинации во рок 14 дена“, соопштуваат од владината прес-служба.

Забраната беше воведена врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести, по информациите дека нова мутација на коронавирусот се шири во Велика Британија и според првичните епидемиолошки анализи е позаразна.

Слични содржини