Владата ќе донесе одлука за брза набавка од Хрватска за сервисирање на канадерите

од Nikola Popovski

-Канадерите се приземјени, Владата ќе се обиде да донесе одлука за брза набавка од Хрватска за сервисирање и тоа уште утре ќе го направи за да се избегнат сите тие бавни постапки по јавните набавки. Но, двата хеликоптери утре ќе дејствуваат, изјави вчера премиерот Зоран Заев откако беше локализиран пожарот над градот Кочани.

Рече дека треба да се има предвид дека денеска во земјава се гаснеле 13 поголеми пожари. Во текот на ноќта ќе се правеле проценки за тоа каде ќе гаснат хеликоптерите од утре наутро.

По големиот шумски пожар во август 2019 во близина на езерото Младост кај Велес, премиерот Заев најави дека ќе се зголемува бројот на пожарникари во територијалните противпожарни единици и ќе се обучуваат пилоти за летање со „ер тракторите“.

Слични содржини