Владата ќе го разгледува предлогот за укинување на полицискиот час

од Берта Китинска

Владата денеска ќе го разгледува предлогот за укинување на полицискиот час, а од следна недела да ги отвори границите, велат нашите извори.

Воедно и отворањето на угостителските објекти, на градинките, се некои од темите за кои Комисијата за заразни болести денеска би требало да разговара, по најавите дека ќе има олабавување на мерките по празниците.

Според претходни препораки на Комисијата, треба да се донесе одлука по кои критериуми ќе се отворат кафеаните, односно да има ограничен број на посетители, растојание помеѓу масите или можност да функционира само терсата или летната бавча на објектите.

 

Слични содржини