Владата ќе ја преиспитува одлуката за дозволен влез во Македонија без ПЦР- тест

од Берта Китинска

Откако вчер влезот и излезот од и во Македонија од Косово беше дозволен без ПЦР-тест, од македонската владата најавија дека оваа одлука денеска ќе биде преиспитана.

По зголемениот број на новозаразени во Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина го врати ПЦР-тестот како услов за влез за македонските граѓани.

„Сообраќајот и преминувањето на границата се одвива тековно и без проблеми. Вчера во временскиот интервал 00:00 до 15 часот преку граничниот премин ‘Јажинце’ за влез и за излез поминале околу 500 странски државјани и околу 1.000 македонски државјани. Во периодот кога за преминување на границата требаше да се има ПЦР-тест, на дневна основа поминуваа само по 15-20 луѓе“, информира Жарко Трпевски, командир на граничен премин Јажинце.

Додека нашата Влада не ја ревидира реципрочно одлуката, влезот кај нас за државјаните на земјите од поранешна Југославија кои се надвор од ЕУ ќе биде без тестот. Вчера, на првиот ден од слободниот влез во земјава, сообраќајот беше зголемен на границата со Косово – колони возила имаше на преминот Блаце и поголема раздвиженост од вообичаено на ГП Јажинце, но не многу фреквентно на преминот Табановце на границата со Србија.

Слични содржини