Владата ќе одлучува за финансиска поддршка околу реконструкцијата на Универзална сала

На денешната 21. Владина седница меѓудругото ќе се најде и Предлог-одлуката за одобрување 120.000.000 денари неповратна финансиска помош од Буџетот на државата, средства кои Град Скопје треба да ги искористи за реконструкција на Универзалната сала.

Покрај тоа, Влада ќе ги разгледува и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за вршење сметководствени работи, како и повеќе предлог-закони предложени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На предлог на Министерството за финансии, Владата треба да го разгледа и Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување брз автобуски превоз во Град Скопје“. Како што најави владината прес-служба, седницата ќе почне во 12:30 часот, ќе се одвива преку видеоконференциска интернет комуникација, а за донесените одлуки и заклучоци ќе биде испратено соопштение.

 

Слични содржини