„Владата мора да падне“: Протести во Виена против задолжителната вакцинација (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Илјадници луѓе денеска учествуваа на демонстрациите на улиците на Виена против владиниот план да воведе задолжителна вакцинација против Ковид 19 следниот месец.

„Владата мора да падне!“ извикуваа толпата на еден од собирите во центарот на Виена, кои станаа вообичаени во сабота.

Парламентот следната недела треба да гласа за прашање што ги подели граѓаните бидејќи расте бројот на заразени со коронавирус.

Владата воведе четврто затворање на национално ниво во ноември и рече дека вакцинацијата ќе биде задолжителна за сите Австријци.

Австрија е првата земја од ЕУ што донесе ваква одлука.

Слични содржини