Владата на Џонсон го преживеа гласањето доверба

од Nikola Popovski

Владата на британскиот премиер Борис Џонсон синоќа „преживеа“ гласање доверба што самата го побара.

Членовите на владејачката Конзервативна партија ги поддржаа министрите како би избегнале распишување нови избори, објави Ројтерс.

Опозициската Лабуристичка партија побара Џонсон, кој најави дека ќе се повлече, веднаш да биде заменет со привремен лидер додека Конзервативната партија не го избере неговиот наследник на почетокот на септември.

Лабуристите се залагаа за гласање доверба и на владата и на Џонсон за да се обидат да го соборат што е можно поскоро, но Владата се спротивстави, велејќи дека тоа е непотребно бидејќи премиерот веќе кажал дека ќе замине, наведува Ројтерс.

Конзервативците наместо тоа предложија гласање доверба на Владата, што го „преживеа“ со 349 гласа „за“ и 238 гласа „против“.

Слични содржини