Владата на Холандија пресече: Само 3.500 лица ќе бидат дел од Евровизиското шоу во Ротердам

Холандската влада донесе одлука оваа година да се одржи експерименталното издание на Евровизија во присуство на 3.500 гледачи.

Популарниот музички натпревар, кој беше откажан минатата година поради пандемија на коронавируси, ќе се одржи во мај во арената Ахој во Ротердам.

Според новиот план, на настанот ќе присуствуваат само оние кои прикажат негативен тест на Ковид 19, пренесува BBC.

Овој настан ќе биде дел од низата настани во Холандија, како што се театарски претстави и фудбалски натпревари, на кои ќе може да присуствуваат помал број луѓе, притоа почитувајќи ги пропишаните мерки.

Организаторите ја поздравија одлуката и рекоа дека „ќе ги разгледаат опциите што сега се достапни“.

Холандија е домаќин на 65. Евровизија.

Слични содржини