Владата не го коментира документот за наводното укинување на безвизниот режим за земјите од Западен Балкан

од Nikola Popovski

Владата не коментира информации објавени во медиуми врз основа на наводни неформални и непотврдени документи, објасни владиниот портпарол Душко Арсовски, откако беше прашан кое е мислењето на Владата околу документот на ЕУобсервер дека незаконскиот престој и неоснованите барања за азил од некои држави од Западен Балкан, плус Молдавија, Грузија и Украина, предизвикуваат дискусии за суспендирање на патувањето без визи во ЕУ.

-На луѓето од Црна Гора, Србија и Северна Македонија им беше дозволено да патуваат во ЕУ без виза до 90 дена од декември 2009 година. Ова беше проследено во 2010 година со Албанија и Босна и Херцеговина, Молдавија во 2014 година, и Грузија и Украина во 2017 година, пишува ЕУОбсервер.

Според документот во кој имале увид, Германија, Франција и Италија се гневни за „злоупотребата“ на визниот режим од страна на граѓани на земјите од Западен Балкан, како и на трите земји од Источното партнерство, кои бараат исто така формално членство во ЕУ.

Слични содржини