Владата не разговарала за понудата на ЕСМ за цена на струјата

од Nikola Popovski

На владина седница не е разговарано за понудата на ЕСМ за цена на струјата кај универзалниот снабдувач и информациите во јавноста за колку проценти таа ќе поскапи се непотврдени, информираше денеска владиниот портпарол Душко Арсовски. Според него, цената на енергенсите се во постојан пораст на светските берзи и постои недостаток на електрична енергија и дека сите аспекти ќе се имаат предвид кога на некоја од наредните седници ќе се разговара за оваа состојба.

-Досега на владините седници не е разговарано за ова, така што сите тие бројки се, сепак, во сфера на непотврдени информации. До моментот додека Владата не донесе конечна одлука, немаме конкретен процент на поскапување, рече Арсовски.

Додаде дека тоа прашање, како и за евтината тарифа на струјата, ќе бидат затворени на некоја од наредните владини седници, на која, како што рече, ќе се разговара за сите предлози и опции заедно со анализата доставена од ЕСМ.

-Фокусот на АД „ЕСМ“ е на зголемувањето на домашното производство на електрична енергија и ги презема сите чекори за продолжување на континуираното производство на електрична енергија во текот на грејната сезона. Во РЕК Битола е засилен ископот на јаглен  за потребите на стабилно обезбедување електрична енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи. Обезбедени се дополнителни 90.000 тони јаглен од Албанија за почеток на производство на струја за стопанството по подостапни цени од моменталните на берзите. За истата намена, последниот јавен повик кој се објави деновиве за набавка на 810.000 тони јаглен ќе биде отворен во текот на целата 2022 година. По едномесечниот ремонт денеска почна со работа и РЕК Осломеј и за таму се обезбедува дополнителен јаглен, информираа владините портпароли.

Слични содржини