Владата одобри влегување и престој на странски вооружени сили поради обука во блиска воздушна поддршка со воздухоплови на вооружените сили на САД

од Берта Китинска

На денешната седница, Владата донесе и Одлука за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија, на предлог на Министерството за одбрана, заради реализирање на обука во блиска воздушна поддршка со воздухоплови на вооружените сили на САД на Армискиот полигон „Криволак“.

-Обуката, којашто е предвидено да се реализира на 15, 19 и 21 октомври 2022 година на Армискиот полигон „Криволак“, е во организација на вооружените сили на Соединетите Американски Држави и има за цел зголемување на интероперабилноста помеѓу НАТО и Република Северна Македонија, соопштија од Влада.

Слични содржини