Владата бараше законско решение за издавање на личните карти на граѓаните, поради тоа што измените на предложениот закон се блокирани во Собранието. Според изјавите на премиерот и други владини функционери, околу 40.000 граѓани биле со истечени лични карти или аплицирале за првпат за нив.

На седницата Владата, како што информираше владината прес-служба, го задолжила министерот да ги преземе сите потребни активности за донесувањето на подзаконски пропис согласно овластувањето од Законот за лични карти и да го усогласи со одредбите од Законот за употреба на јазиците со што се овозможува непречено издавање на обрасците за барање за издавање на личната карта, образецот на потврдата за поднесено барање за издавање лична карта, образецот за личната карта, постапката за издавање и замена на личната карта, како и за начинот за водење на евиденцијата за издадени лични карти.

Спасовски ги информирал премиерот и министрите дека подзаконскиот пропис ќе биде објавен до крајот на денот во „Службен весник“ и дека од денеска ќе се овозможи печатење и издавање лични карти.

Слични содржини