Владата во овој момент не се размислува за седми пакет економска помош

од Берта Китинска

Здравјето на граѓаните пред се, ако треба да се прави компромис помеѓу економска мерка за угостители  и здравјето на граѓаните и борбата за зачувување на здравјето на граѓаните, ќе одбереме здравјето на граѓаните. Сум кажал претходно, сме докажале дека секој еден изгубен денар, во секој еден сектор ќе се надомести кога тоа навистина ќе е потребно, кажа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Вицепремиерот вели дека во овој момент не се размислува за седми пакет економски мерки за помош за справување со последиците од корона кризата .

-Ако навистина тоа е нужно ќе направиме одредена мерка зашто не знаеме колку ова привремено лимитирање на движење на граѓаните ќе влијае. За жал сме и во предизборен период и секоја мерка може да се протолкува различно и затоа нема да кажам дали ќе има или нема да има мерка. Само потврдувам дека се разговара и ако е вистински потребно заедно ќе ја донесеме, рече Битиќи.

Слични содржини