„Владината коалиција е стабилна“ – помалите партии со поддршка на Заев

од Берта Китинска

Владините коалициони партнери преку соопштенија упатија порака дека владиното мнозинство е стабилно, повикувајќи ги своите симпатизери, гласачи и граѓани да излезат на 31 октомври и да ја дадат својата поддршка за ,,Најдоброто за мојата општина“.

-Демократската Партија на Турците, сакам да им се заблагодарувам на нашите граѓани подржувачи кои и на овие избори ја избраа праведната страна. ДПТМ која е дел од владеачкото мнозинство во собранието на Р. Македонија, на последните локални избори на еден дел од општините учествуваше со сопствените кандидати за градоначалници и листи за советници а на останатиот дел од општините заедно со партиите кои ја сочинуваат владината коалиција. Модел која како партија ја практуваме во изминативе 30 години на сите локални избори до сега, вели Д-р Бејџан Иљас, претседател на ДПТМ-TDP.

Во соопштението Иљас објаснува дека овој модел на функционирање  е показател на демократскиот капацитет на партиите кои ја сочинуваат владината коалиција кое е за поздравување.

-Целта ни е да ги зачувуваме интересите на нашите граѓани и да го унапредуваме демократскиот капацитет на нашата заедничка држава.Шпекулациите околу стабилноста на владиното мнозинство, ние како партија која успеа да ги постигне поставените цели на локалните избори, ги толкуваме како манипулација на јавното мислење од страна на неколку портали пред вториот круг. Како сериозна партија со 30 годишно искуство ДПТМ за политичкото делување одлуките ги носи на партиските органи по сопствено убедување на нашето членство а во интерес на граѓаните кои ги застапува. Затоа ни еден субјект во оваа држава нема право и нема да дозволиме да шпекулира во и со наше име. Како партија ние сме дел од владеачкото мнозинство кое успеа да ги реши историските пречки на патот кон НАТО и ЕУ на нашата земја. Исто така се залага за квалитетен и еднаков живот на сите кои живеат во оваа земја која е милтиетничка и мултикултурна држава.

Како Демократската Партија на Турците потврдуваме дека Владината коалиција е стабилна и работи исклучиво во интерес на граѓаните. Напредокот на земјата е нашата највисока заедничка цел. Македонија продолжува напред со стабилна Влада по демократскиот и европскиот пат, вели Иљас.

И од Партијата на пензионери велат дека владиното мнозинство не се доведува во прашање, истото е стабилно .

-Партијата на пензионерите, како партиципиент во владината коалиција, ,,Најдоброто за мојата општина,, во која влеговме со цел да обезбедиме подобра и предвидлива иднина за нашите најблиски и потомците, останува на зацртаните програмски определби и цели што произлегуваат од интерните одлуки на Партијата и постигнатиот договор за коалицирање со партиципиентите во владината коалиција предводена од СДСМ. Во име на постигнатите како започнатите и незавршените реформи, зацртаните реформски приоритети, интеграцијата и европеизација на земјата објавуваме дека Учеството на Партијата на пензионери во Владиното мнозинство не се доведува во прашање, истото е стабилно и продолжуваме понатака напред со работа во стабилна коалиција по зацртаниот демократски и европски пат и дека нема да има никакво отстапување и доведување во прашање на постигнатиот договор со сите учесници во коалицијата, соопштија од партијата.

Демократскиот сојуз  кој исто така е дел од мнозинството ги повика своите членови и симпатизери, на 31 октомври 2021 година, да излезат масовно и да гласаат за кандидатите за градоначалници на КОАЛИЦИЈАТА НАЈДОБРОТО ЗА МОЈАТА ОПШТИНА”, предводена од СДСМ, заокружувајќи го бројот 12.

-Остануваме цврсто определени за реформите кои обезбедуваат да останеме на патот кон Европската унија, да јакне стабилноста и економскиот развој.Само сите заедно можеме да направиме пресврт и во вториот изборен круг да обезбедиме победа а со тоа поддршка на владините политики кои се во интерес на граѓаните.Демокрстскиот сојуз како дел од стабилното владино мнозинство, цврсто стои на ставот дека треба да продолжиме заедно со цел Македонија да се движи напред.Демократскиот сојуз, со одбрана на своите принципиелни ставови и активности ќе работи во интерес на сите граѓани како и на развојот на државата.По завршувањето на локалните избори развојот на општините останува еден од нашите највисоки приоритети, велат од ДС.

Слични содржини