Владината одлука ги дочека неподготвени мајките кои седеа дома

од Aleksandar Petrovski

Почнувајќи од 23.9.2020 година (среда), на работа се враќаат лицата кои користеа продолжено породилно отсуство, додека бремените жени продолжуваат да ги користат мерките, односно се ослободуваат од одење на работа, потетсува Владата.

Бремените жени продолжуваат да ги користат мерките донесени од Владата, од 23 септември на работа се враќаат само вработените кои ја користеа мерката за продолженото породилно отсуство.

Останатите вработени лица кои во моментот се оправдано отсутни од работа поради користење на редовно породилно отсуство, истите да се вратат на своите работни места по истекот на породилното отсуство. Мајките кои се на породилно отсуство в четврток ќе протестираат пред владата откако вчера беше одлучено од 23 месецов да се вратат на работа места родителите чии деца се до шестгодишна возраст. Според најавите за протестот објавени од организаторите на Фејсбук, протестот ќе се одржи пред владата во четврток, од 17 и 30 до 19 часот, ќе бидат запазени сите мерки на заштита од коронавирусот, а пријавен ќе биде во полициската станица „Беко“.

-Добро кој ви ги чуваше децата пред лудилово со Ковид и како се снаоѓавте после 9м породилно фино лепо си се враќавте на работните обврски!!! Сигурна сум а и повеќето ќе се сложат за упис во градинка ти бараа и баараат врски па одговори од типот да наполни 2г., снајдете се трпетеси ќе го запишеме … Како тогаш имавте кој да ви ги чува сега наеднаш 3м+ ќе ви се решат проблемите.Не има НАС кој сме трудни и одиме сеуште на работа, не има НАС кој после изминати 9м од породилно сме се враќале на работа а децата ни биле одбиени за упис Дај олабавете и разбудете се, не туку кукајте. Колку од вас ве има што користите породилно на основа пријавена а не појавена на работа најмалку, Самохраните мајки никогаш не излегле на протест, што и да требало и во ек на пандемија работеле и не бирале…. Зошто сега протести… За што се буните???? Без навреда..Карток е рокот се да се постигне. Моите дев деца не се ни запишани во градинка, а каде е адаптацјата, Па и треба да се вратат на работа..Доста е веќе. Ковидов како што највија може и да потрае уште две години, па дома ли треба да седат до тогаш? На кого не му се работи нека не наоѓа оправдувања, има и такви што сакаат да работат.Од тоа нишај врата зимај плата, државата ни отиде банкрот! Браво конечно, доста лежат дома а земат плата….се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Откако на 9 септември се отворија градинките, се појавија четири заразени случаи.  

Има 3  случаи на вработени заразени со коронавирус. Се работи за вработена во градинката „Мајски цвет“ – Битола, а вториот случај е во градинката „Раде Јовчевски – Корчагин“ – Скопје и во градинката „Рахилка Гонева“ – Свети Николе

„Од стана на КЗБ остварен е  контакт со родителите на децата и изолирани се само децата од таа група. Согласно нивните проценки, нема опасност за  останатите групи од објектот и тие можат да продолжат со работа и примање на деца. Притоа, согласно насоките на КЗБ, во домашна изолација се и други пет вработени во истата градинка до 15 односно  17 септември, од последниот контакт со заболената вработена во градинката“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Денеска  беше соопштено дека и дете било заразено со Ковид-19 во скопска градинка.

Позитивни на вирусот се и родителите на детето, а утрово во градинката бил направен и епидемиолошки надзор.Во домашна излација ќе одат сите деца кои биле во група со заразеното дете.

Покрај мајките на работа се враќаат и хронично болните лица 

Од Министерството за здравство соопштија дека, хронично болните лица до 23-ти септември треба да посетат специјалист и да добијат потврда со која поради нивната дијагноза и состојба нема да можат да се вратат на работа, но, како што истакнаа, доколку не стигнат да ги обезбедат потврдите, рокот ќе биде пролонгиран.

Од Министерството истакнаа дека, за да можат пациентите да го реализираат тоа, пуштени се дополнителни термини во Мој Термин и е-амбуланта.

– Доколку до 23 септември овие пациенти не стигнат да ги обезбедат потврдите, рокот ќе биде пролонгиран. Со ова ќе се овозможи секој пациент, кој навистина треба да биде ослободен од работа и за да се избегне злоупотреба на системот, лекарот специјалист врз основа на својата експертиза и состојбата на пациентот ќе процени дали тој може да се врати или ќе добие потврда дека е ослободен од работа, наведоа од МЗ.

За потребите на системот, направена е измена на правилникот за боледување во Фондот за здравствено осигурување и значително се олесни процедурата со која се овозможува лекарот специјалист да даде потврда за отсуство од работа во времетраење од шест месеци.

– Со препораката на Комисијата за заразни болести и одлуката на Владата и натаму ќе бидат заштитени најризичните категории. Според одлуката, оние кои навистина треба да бидат дома, остануваат дома и целосно ќе се избегне злоупотреба на системот. Согласно истата одлука, ослободени од работа ќе бидат и бремени жени до крајот на годината, односно до 31 декември, посочија од МЗ.

Слични содржини