Владите од региoнот ќе работат на дигитална трансформација за квалитетен живот

од desk2

Во рамките на Дигиталниот самит за Западен Балкан имаше и работен ручек на премиерот Зоран Заев, еврокомесарите Јоханес Хан и Марија Габриел, претседавачот на министерскиот совет на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, заменик-претседателката во Владата на Албанија, Сенида Меси, државниот секретар во министерството за економија и енергетика во Владата на Германија, Томас Берејс, претставници на Европската инвестициона банка и претставници на Советот за регионална соработка на земјите од Западен Балкан.

На работниот ручек централна тема била важноста од интеграцијата на земјите од Западен Балкан во единствениот дигитален пазар на Европската унија.

На средбата се разговарало и за иницијативата за институционализација на Платформата за бизнис пријателска средина (Business Friendly Environmet, BFE) како мултилатерална организација која што ќе биде поддржана од владите во регионот.

Претходно, на прес-конференцијата на министерот за информатичко општество и технологија и администрација, Дамјан Манчевски, еврокомесарката Марија Габриел и генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Горан Свилановиќ беше истакнато дека Дигиталниот самит е потврда дека сите држави работат во иста насока.

„Дигиталната трансформација е неопходна за зголемување на квалитетот на животот на граѓаните. Ова е шанса да Западен Балкан да биде дел од ЕУ, независно од политичката агенда. Овој настан е ретка можност за да се дефинираат заедничките цели“, рече Свилановиќ.

Тој додаде дека придобивките од дигитализацијата се во сите аспекти на живеењето, вклучително и намалувањето на корупцијата./Мета

Слични содржини