Влаховиќ пред мечот со Англија: „Никој не е непобедлив“

од Vladimir Zorba
2,6K прегледи

Србија ќе го копира планот за игра на Исланд на неделниот натпревар од групата Ц на УЕФА ЕУРО 2024 против Англија, изјави српскиот напаѓач Душан Влаховиќ.

Влаховиќ, кој постигна 18 гола во 38 настапи во Серија „А“ за Јувентус минатата сезона, се инспирираше од победата на Исланд над Англија од 1-0 во пријателскиот натпревар на „Вембли“ минатата недела.

„Никој не е непобедлив“, изјави Влаховиќ во пресрет на натпреварот со Англија во Гелзенкирхен во недела.

„Го гледавме натпреварот со Исланд и има работи што може да се копираат од нив бидејќи ги победија на „Вембли“ пред 80.000 луѓе. Се е можно. Англија е фаворит, можеби и најголем на турнирот, но ние веруваме во себе и ние одиме чекор по чекор да се прикажеме во најдобро светло На овој начин имаме помирна средина и можеме посмирено да се подготвиме за претстојните натпревари“, изјави Влаховиќ.

24-годишниот фудбалер рече дека капитенот на Англија, Хари Кејн е еден од најдобрите напаѓачи во светот.

„Не сакам да вршам притисок врз себе и не сакам да се споредувам со играчи како него. Секако дека тоа ќе биде шанса за мене бидејќи играм без притисок. Сите очекуваат Англија да ја освои титулата, па затоа е добра можност“, рече и Влаховиќ.

Слични содржини