Власта не попушта – 5000 потписи, бојкотот на средношколците продолжува

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Средношколскиот Пленум соопшти дека бојкотот на наставата од денеска влегува во својата петта недела и оти поради непопустливоста на владините минситри Средношколскиот Фронт пред Министерството за образование и наука продолжува и влегува во втората недела.средно

Средношколскиот Пленум наведува и дека на последната средба од преговорите со Министерството, одржана во минатиот четврток, не бил постигнат никаков договор. Моменталната состојба на преговорите била полагање на државна матура по стариот концепт само оваа година и продолжување на екстерното тестирање што не е прифатливо за средношколците кои загубија од својата настава веќе еден месец.

Досега се собрани нешто над 5 илјади потписи  од граѓани, родители, активисити  во знак за подршка на средношколците

109374

Тие за празниците останана во своите шатори и испратија и писмо до Вицепремиерот Пешевски и до МОН.

– Отворено и јавно Ве покануваме, пред сè како родител, а потоа како вицепремиер да дојдете во кампот на средношколците, да видите колку ни е „убаво и лесно“. Барем за момент да го осетите средношколскиот дух кој копнее за поквалитетно образование, а потоа ние средношколците ќе ви го раскажеме сето наше животно патешествие, сите наши амбиции, стремежи, стравови, грижи и проблеми.

Реагираше и наставничкиот пленум.

– Време е да ги примите во кабинетите во Министерството за образование и наука за да ги чуете, за да се обидете да ги разберете и да се обидете да им ги олесните начините на вреднување на нивната работа, наместо тврдоглаво и суетно да се обидувате да докажете дека се млади, дека не знаат што бараат, дека се нелегитимни, дека не треба да очекуваат да бидат вклучени во она што се нарекува заедничко креирање на образовните политики.

Слични содржини