Властите на Мариупол: Не може да се влезе во градот, Русите не дозволуваат евакуација

од Nikola Popovski

Властите во Мариупол, Украина, денеска соопштија дека не е возможно да се влезе во градот кој е под руска опсада и дека е опасно луѓето сами да се обидат да го напуштат.

Советникот на градоначалникот на Мариупол, Петро Андрјушченко, изјави дека градските власти „не ја увиделе вистинската желба на Русите да им дадат можност на жителите на Мариупол да се евакуираат на територијата под контрола на Украина“.

„Окупаторите од вчера категорично забранија влез на секаква хуманитарна помош во градот, дури и во мали количини“, рече Андрјушченко.

Руските сили денеска дозволиле 42 автобуси со жители на Мариупол да тргнат од соседниот окупиран град Берџанск, до кој можеа сами да стигнат.

Денеска конвој од околу 2.000 бегалци во придружба на претставници на Црвениот крст тргна кон градот Запорожје, кој е под контрола на Украина.

Црвениот крст претходно соопшти дека не е сигурен дека планираната испорака на помош во Мариупол и евакуацијата на цивилите од градот ќе биде возможна денеска.

Слични содржини