Пробиени лични податоци на дел од граѓаните на сајтот вакцинација.мк

од Nikola Popovski

Човек за само седум минути без особени познавања од областа на ИТ технологијата, успеал да собере дури 140 документи со лични податоци од сајтот „vakcinacija.mk“, објави ТВ Алфа.

Тој вели дека, сакајќи да го преземе сопствениот сертификат за вакцинација, успеал за само неколку минути да влезе во системот и да оствари увид врз личните податоци коишто се наоѓаат на истиот.

Според објавеното, човекот успеал да дознае единствени матични броеви, електронската книшка, видот на вакцината, каде и кога сте вакцинирани и други податоци од лична природа.

На страницата вакцинација.мк пишува дека контролор на личните податоци е Министерството за здравство, а дека самите ги одржуваат серверите и сите активности на веб страната, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализата на податоците кои се пренесуваат од посетата на веб страната.

Слични содржини