Влезниците за Реал – Јуве ги снема за 8 минути

од Vladimir Zorba

Европскиот шампион Реал Мадрид ги продал за само 8 минути сите влезници за домашниот натпревар од 1/4-финалето на Лигата на шампионите против Јувентус, објави весникот „Марка“.

Италијанците ќе бидат поддржани на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ на 11-ти април од 4.000 нивни навивачи, а останатите 76.000 билети биле продадени во понеделникот изутрина.

Како што е познато, ова ќе биде првиот натпревар меѓу двата клуба по финалето на Лигата на шампионите минатата сезона во Кардиф кога „белиот балет“ ја прегази „старата дама“ со 4-1 по силно второ полувреме.

Слични содржини