Актуелно
Почетна / Магазин / Вљубени сте во Стрелец? Еве што ви носи тоа

Вљубени сте во Стрелец? Еве што ви носи тоа

Еден од најатрактивните знаци во хороскопот, со кој управува Јупитер и е горд член на огнениот елемент е токму Стрелецот. Ако ова не ви кажува ништо, тогаш треба да знаете дека да се има врска со Стрелец значи емоција, страст и изненадувања.

Еве што друго можете да очекувате од оваа врска:

Стрелците се непостојани

Ако сте вљубени во Стрелец, тогаш тој самиот ќе ви каже дека добивате многу различни луѓе во еден „пакет“ – што е вистинска среќа! Вистината што стои зад овој шармантен изговор е дека тие навистина се непостојани и не сакаат монотонија.

Тие секогаш се шегуваат

Дали ви се допаѓа чудната смисла за хумор? Тогаш ова е човекот кој ви треба! Дали сакате да се разбудите во ниедно време за да ја слушнете приказната за „најголемата комедија“ на сите времиња? Размислете за тоа многу добро пред да му го дадете срцето на Стрелецот.

Тие не се особено флексибилни

Стрелците се многу независни, затоа не очекувајте од нив да го променат својот распоред за да одговара на вашиот. Тие го ценат своето време и внимателно ги планираат обврските и секако, ќе ја одбијат секоја покана која дошла во „5 до 12“ бидејќи веќе поинаку го имаат организирано своето време.

Тие сакаат да филозофираат

Кои се вашите тајни аспирации во животот? Какви повторливи соништа имате? Кои се вашите најтемни стравови? Овие прашања навистина ги интересираат, па очекувајте ги уште на првиот состанок.

На моменти се невнимателни

Да, Стрелците дефинитивно можат да бидат невнимателни со своите одлуки, особено кога се управувани од емоции. Тие сакаат адреналин и екстремни искуства, затоа бидете подготвени.

Тие се плашат од врзување

Затоа и може да бидат доста непостојани кога е врската во прашање или пак, да бараат нови занимации и активности за да внесат динамика.

Тие се оптимисти

Дури и кога е најлошо, тие се насмеани и ги бараат позитивните нешта во случувањата.

loading...