ВМРО- ДПМНЕ ја објави аферата „Тајни имоти“

од Берта Китинска

Функционери на СДС и ДУИ на различни позиции поседуваат таен имот.Поголемиот дел од нив директно поставени од владата и функционери во партиите на власт.5 години власт на СДС, 123 именувани функционери на државни позиции кријат имот вреден 30 милиони евра, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека неговата партија поседува детали за новата афера Тајни имоти.

-Афера тајни имоти е уште еден показател како власта функционира надвор од законите, заштитувајќи ги прекршителите на истите, кои во овој случај, се избрани и именувани функционери, а чија обврска е да им служат на граѓаните на Македонија, рече Петрушевски.

Според него, овие имоти се тајни и не се евидентирани од Државната комисија за спречување на корупцијата и оваа институција ја прогласи за соучесник во криминал.

-Институциите кои се формирани за оваа цел како Државната комисија за спречување на корупцијата се сочуесници во шемата којашто ја креира власта и се нивни заштитиници. Сметаме дека се работи за ново злосторничко здружување и организирано криење на имот, изјави Петрушевски.

Тој објаснуваше дека оваа Комисија е должна да врши проверка и евиденција на имотот пријавен во анкетините листови на функционерите, а функционерите да го поднесат имотот до ДКСК во рок од 30 дена од именувањето.

Во овој случај којшто го обелоденија, законскиот рок од 30 дена бил пробиен, а од она што можеше да се разбере овие функционери или не го пријавиле имотот во дадениот рок, или имале имот на сопствено име, а не го пријавиле, или пак сопствениот имот го пријавиле на име на други лица од семејството.

Сепак Петрушевски не соопшти ниту едно име и им даде рок на институциите од 24 часа да се изјаснат за овие лица, односно да ги објават имињата на овие функционери.
Во спротивно најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објавува еден по еден со име и презиме и сите детали за нивниот скриен имот, но и ќе бараат одговори за неговото потекло.

Слични содржини