ВМРО-ДПМНЕ: Активната блокада во Собранието ќе продолжи и понатаму

од Берта Китинска

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на денешната прес конференција зборуваше за активната блокада во Собранието и потенцираше дека таа е добро спроведена во Собранието и дека понатаму ќе продолжи.

-Апсолутно можам да потенцирам и нашите очекувања се исполнети дека активната блокада практично е и реализирана до овој момент онака како што е планирана, a ќе продолжи и понатака. Да, има уште неколку дена до протестот кој што е најавен на 18 јуни и ќе има прилично импресионирачки одзив колку луѓето имаат револт кон оваа Влада и ќе го искажат во сабота. Она кое што може да се напомене за Собранието е активната блокада дека е прилично добро спроведена и ќе продолжи да се спроведува и тоа се гледа од нервозата од челните лица на претседателот на Собранието, тоа се гледа од нервозата која што ја има СДСМ и така натаму. Очигледно е дека тие и немаат така сериозно мнозинство како што велат дека можат да функционираат.

Практично се виде дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ односно на опозицијата се многу вредни за функционирање на Парламентот и не можат да бидат игнорирани како што тоа се обидуваат да го прават во минатото власта односно СДСМ, ДУИ и претседателот на Собранието. Активната блокада продолжува, да сега на тема е расправа за буџетот, но активната блокада продолжува и сето она кое што е на штета на граѓаните ќе биде блокирано. Сето она кое што е за добробит на граѓаните ќе се дискутира и практично ќе може да помине заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем тоа е она кое што го имавме од самиот почеток и најавено, истакна Арсовски.

Слични содржини