ВМРО ДПМНЕ: Арсовска веќе нема никаква врска со партијата

од Берта Китинска

Арсовска веќе нема никаква врска со ВМРО ДПМНЕ, на здравје коалиција со антимакедонската и дезертерска СДС која и плаќа билборди и спотови, вели ВМРО ДПМНЕ.

-СДС ги плаќа билбордите и видеата на Арсовска, коалиција дезертерска темелена на уцени и бизнис интереси.Не поминаа неколку дена се покажаа вистинските мотиви на Арсовска, тајните средби со дезертерот Ковачевски и Зечевиќ имаат ефект, тие и ги плаќаат билбордите низ Скопје, за политичка пропаганда.

Арсовска наместо да работи се занимава со политиканство, одработува затоа што е уценета.Арсовска свесно го загрози проектот за прочистителна станица на реката Вардар. Таа спротивно од препораките и правилата на ЕИБ и ЕБОР сакаше да менува комисија во тек на постапка.Заради Арсовска е загрозен проектот за прочистителна станица за Скопје, а намалена е и довербата на градот, како институција во очите на странските кредитори и даватели на грантови.И наместо да се фати за работа, Арсовска во коалиција со СДС смислува кампања и се фрлаат народни пари за билборди и спотови во ек на криза.Народот го гледа лицемерието на СДС и Арсовска и тоа ќе го казни“, се вели во соопштението.

Слични содржини