ВМРО-ДПМНЕ бара да биде поништен изборот за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10Д

од Vladimir Zorba

Артан Груби дрско лажеше пред целата македонска јавност, дека компанијата Ептиса ја сменила сопственичката структура и сега оваа компанија е со чисто портфолио и за тоа била учесник во тендерот кој на крај и го добила со уште други 3 компании, формирајќи конзорциум. Ептиса од 2016 година е со целосен кинески капитал и менаџмент кои е непроменет изминативе години, пишуваат утрово од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ и побараа да биде поништен изборот за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10Д .

„Ептиса е во целосна сопственост на кинеската ЈСТИ Груп, а од 2022 година целиот менаџерски тим е составен од кинези. Шаонин Жу е потпретседател на бродот на директори на Ептиса, Чао Ванг финансиски шеф на Ептиса и Јиран Меи менаџер на Ептиса се раководниот кадар на спорната компанија.

Ова можеби е еден од ретките, ако не и единствен случај каде што кинеска компанија ќе врши надзор и ќе го контролира работењето на американски гигант, а со тоа и да имаат целосен увид во технологиите на американската компанија“, велат оттаму.

Побараа од Владата веднаш да ја поништат постапката за избор на надзорот и да се повтори постапката „за да не биде оштетена државата и граѓаните“.

Упатија повик и до Јавното обвинителство веднаш да отвори постапка.

Слични содржини