ВМРО-ДПМНЕ бара да се намали за 50 отсто акцизата за горивата

од Берта Китинска

Последните поскапувања на горивата уште повеќе ќе ја разгорат инфлаторната спирала во Македонија. Горивата на година ипол поскапеа за над 80% и имаат директна импликација врз цената на транспортот, храната, услугите и производите кои ги користат граѓаните. Но власта на СДСМ и ДУИ абер нема да ги намали акцизите и таксите со цел да им излезе во пресрет на граѓаните и стопанството, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека потребно е итно и неодложно прифаќање на мерката за намалување на акцизата кај горивата за 50%, со која дизел горивото би биле поевтини за 9,5 денари, а бензините за цели 13 денари.

-Дополнително бараме да се намали данокот на додадена вредност за производите за исхрана и за топлинската енергија, односно парното да бидат со 0%, а ДДВ за електричната енергија да биде 5% и во остатокот од 2022 година.Ова значително ќе го намали ценовниот шок и ќе го заштити стандардот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини